Макпетрол со тимска игра до победа над Фабрика Карпош – ГИМ

Макпетрол 11-6(5-3) Фабрика Карпош – ГИМ

Макпетрол: Бенер Бекиоски 13’ 34’ Мишо Ѓоргиевски 3’ 10’ 28’ 37’ 39’ Марко Костенцовски 23’ Игор Стојковски 12’ 16’ 25’
Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 17’ 24’ 30’ Александар Божиков 6’ 14’ 39’

Ефикасно прво полувреме ни прикажаа екипите на Макпетрол и Фабрика Карпош – ГИМ, екипата на Макпетрол со погодок во третата минута го отвори резултатот на овој натпревар. Неколку минути подоцна поточно во 6та минута со одличен погодок на Божиков екипата на Фабрика Карпош – ГИМ дојде до израмнување на 1-1. Во останатиот дел од полувремето екипите на Макпетрол имаше повеќе од играта и своите шанси успеа да ги претвори во погодок па на полувремето замина со предност од 5-3. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ жестоко нападна кон голот на Макпетрол со цел да дојде до израмнување, но екипата на Макпетрол со одлична поставеност во фаза на одбрана не и дозволи на екипата на Фабрика Карпош – ГИМ резултатски да се доближи и преку контра напади контролирано го зголемуваше водството за на крајот да извојува победа од 11-6