Матрикс во висок ритам до победа над Макстил

Макстил 1-5(0-2) Матрикс

Макстил: Бобан Бојковски 28”
Матрикс: Тони Брњарчевски 3” 36”, Даниел Боневски 14”, Виктор Петровски 24” 34”

Последниот дуел во второто коло од пролетниот дел на Бизнис Лига го одиграа екипите на Макстил и Матрикс. Екипата на Макстил во овој дуел влезе не комплетна со скратен ростер. Матрикс во вој натпревар беше комплетен и уште на самиот старт наметна висок ритам на игра. Матрикс со чести измени и контролиран напад не му дозволуваше на Макстил да ја игра својата препознатлива игра па така уште во раната фаза на натпреварот во 3” преку Брњарчевски дојде до водство од 0-1. Екипата на Макстил не успеа да реализира неколку чисти ситуации за гол, по што следеше казна од Боневски кој му донесе водство на својот тим од 0-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме Матрикс со чести измени и висок ритам успеа целосно да го скрши отпорот на екипата на Макстил, зголемувајќи го водството од минута во минута, кое на крајот на овој натпревар изнесуваше 1-5.