Матрикс со одлична игра до победа над ЕЛЕМ

Матрикс 9-3(4-2) ЕЛЕМ

Матрикс: Петре Даиловски 14’ 29’ 40’ Мирко Богески 20’ 37’ Антонио Богдановски 9’ Ивица Алампиоски 39’ Панче Дангев 19’ 25’
ЕЛЕМ: Александар Бокан 5’ Сенвет Реџепи 39’ Јован 11’

Одличен старт за екипата на ЕЛЕМ во дуелот со Матрикс со погодокот на Бокан во 5та минута и водство од 0-1. По оваа негатива екипата на Матрикс го засили темпото на игра и се префрли на противничка половина вршејќи притисок за израмнување, што им успеа во 9та минута со голот на Богдановски за 1-1. Кон средината на полувремето односно 11та минута екипата на ЕЛЕМ повторно дојде до водство од 1-2, а ова водство следуваше брз одговор на екипата на Матрикс со голот на Даиловски и повторно израмнување на 2-2. До крајот на полувремето екипата на Матрикс успеа да искористи две грешки во одбраната на ЕЛЕМ да направи целосен резултатски пресврт и на паузата да замине со водство од 4-2. Второто полувреме во целост и припадна на екипата на Матрикс која со одлична игра во одбраната и нападот не дозволуваше ЕЛЕМ резултатски да им се приближи а со постојани ротации на играчи ја одржуваа свежината во тимот за постојано да го зголемува водството за конечна победа од 9-3.