Матрикс со одлично второ полувреме до победа над L.C. Waikiki

L.C. Waikiki 4-7(2-2) Матрикс

L.C. Waikiki: Фуркан Фетаи 5’ 35’ 39’ Алојз Перај 20’
Матрикс: Никола Христовски 37’ Драган Брњарчевски 22’ 24’ 30’ Симеон Коцески 17’ 19’ Ивица Алампиоски 24’

Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу L.C. Waikiki и Матрикс и припадна на екипата на L.C. Waikiki, тие со гол во 5та минута го отворија резултатот и до средината на полувремето имаа целосна контрола над играта. Како одминуваше времето екипата на Матрикс го засили темпото на игра и вршеше силен притисок кон голот на L.C. Waikiki што резултираше со два погодоци во 17та и 19 минута и целосен резултатски пресврт. Во последниот напад од полувремето екипата на L.C. Waikiki успеа да реализира преку Перхај со претходна мајсторија – асистенција на Џенгис Ахмед, за на полувремето да се замине со изедначен резултат од 2-2. На стартот од вториот дел екипата на Матрикс преку Брњарчевски успеа да постигне погодок за водство од 2-3, а веќе во 24та минута постигнаа солидно водство од 2-5. До крајот на натпреварот екипата на L.C. Waikiki со притисок кон противничкиот гол се обидуваше да се врати во натпреварот но Матрикс успеа да ги искористи сите пропусти во противничката одбрана и да го добие овој натпревар со 4-7.