Матрикс со тимска игра до победа над Сава Осигурување

Сава Осигурување 4-9(3-6) Матрикс

Сава Осигурување: Јовица Марковски 5’ 12’ 40’ Трајќе Илиевски 2’
Матрикс: Перте Даиловски 15’ 34’ Дарко Цветковски 6’ Мирко Богоевски 8’ 9’ 9’ Ивица Алампоиски 8’ 23’ 26’

Одличен старт за екипата на Сава Осигурување во дуелот со Матрикс, до 5та минута тие успеаа да се стекнат со водство од 2-0. По оваа негатива екипата на Матрикс се префрли на противничкото поле и изврши силен притисок што резултираше со целосен резултатски пресврт до 9та минута. Екипата на Сава Осигурување која беше во негатива ја превзеде иницијативата и тргна по израмнување, но такватља отворена игра остави простор во одбраната што Матрикс вешто го искористи за предност 3-6 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување беше таа која што го прка резултатот и фрли се на една карта, но екипата на Матрикс одлично ја постави својата одбрана не дозволи изненадување и рутинирано го приведе кон крај овој натпревар за победа од 4-9.