Матрикс убедливи во дуелот со Алкалоид

Матрикс 7-1(3-0) Алкалоид

Матрикс: Дарко Цветковски 11’ Антонио Богдановски 14’ 15’ Мирко Богоевски 34’ Петре Даиловски 23’ 26’ Симеон Коцески 40’

Алкалоид: Кристијан Арсовски 40’ Интересно прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и Алкалоид, екипата на Матрикс уште на самиот почеток ја превзема иницијативата и започна со својата препознатлива игра со многу комбинаторика, тоа им донесе водство во 11та минута со голот на Цветковски. Екипата на Алкалоид со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок но екипата на Матрикс со одлична игра во фаза на напад и одбрана не дозволи изненадување, тие до крајот на полувремето постигнаа уште два погодоци па на паузата заминаа со предност од 3-0. Во второто полувреме екипата на Матрикс повторно ја имаше контролата врз играта, поседот на топката беше во нивна корист што се одрази на резултатот и водството кое постојано го зголемуваа. Екипата на Алкалоид на сите можни начини се обидуваше да се врати во игра но не успеваше против денес расположената екипа на Матрикс која го доби овој натпревар со убедливи 7-1