Матрикс убедлив во дуелот со ЈСП

ЈСП 3-7(2-4) Матрикс

ЈСП: Љупчо Павловиќ 1’ Јовица Илиевски 19’ Марјан Србиновски 27’

Матрикс:Никола Христовски 15’ Дарко Цветковски 7’ 12’ 23’ Петре Даиловски 15’40’  Мирко Богески 27’

Одличен старт за екипата на ЈСП во дуелот со Матрикс, уште на самиот старт од натпреварот ЈСП преку Павловиќ успеаа да дојдат до водство од 1-0. По овие почетни минути екипата на Матрикс беше таа која ја превзема иницијативата што во 7та минута преку Цветковски им донесе израмнување на 1-1. До крајот на полувремето екипата на Матрикс го зголемуваше темпото на игра што вроди со плод па на паузата замина со предност од 2-4. Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра каде и двете екипи со одлични удари од далечина и брзи контра напади се обидуваа да го зголемат водството. Поуспешна во овој начин на игра беше екипата на Матрикс која со својата подолга клупа успеваше да ја одржи свежината на теренот што се одрази на резултатот и им донесе победа од 3-7.