МЕПСО преку Рошкоски до победа над Искрател Груп

Искрател Груп 5-11(3-2) МЕПСО

Искрател Груп: Ратко Иванов 2’ 5’ 18’ 32’ Никола Велевски 24’
МЕПСО: Александар Јоксимовски 26’ 38’Борис Трајковски 24’ Диме Рошкоски 1’ 7’ 22’ 35’ 37’ 38’ 39’ 40’

Екипата на МЕПСО одлично го отвори дуелот со Искрател Груп со погодок уште во првата минута, по ова следуваше брз одговор на екипата на Искрател Груп и израмнување на резултатот на 1-1а со погодокот на Иванов во 5та минута успеа да дојде до целосен пресврт. Екипата на МЕПСО со вториот гол на Рошковски во 7та минута успеа да дојде до израмнување, како се ближеше крајот на полувремето и се очекуваше дека ова полувреме ќе заврши со реми во 18та минута погоди Иванов за предност од 3-2 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на МЕСПО успеа да постигне погодок и по трет пад во овој дуел да имаме израмнет резултат, во останатиот дел од натпреварот двете екипи имаа свои одлични периоди на игра и успеаа да постигнат уште по еден погодок за резултат ‘егал’ и неизвесна завршница. Во таквата завршница екипата на МЕПСО успеа да ги однесе бодовите со резултат од 5-11.