Мепсо се разбуди во второто полувреме и дојде до победа над Пекабеско

Мепсо 5-0(0-0) Пекабеско

Мепсо: Александар Јакимовски 25’35’ Диме Рошковски 38’ Борис Трајковски 27’ Томи Честоилов 40’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Мепсо и Пекабеско, екипите се одредија за нешто позатворена игра внимавајќи повеќе на својот гол. Со повремени контра напади и удари од далечниа се обидуваа да го отворат резултатот, но за одбележување се неколкуте одлични интервенции на голманите кои успеаа да ги сочуваат своите мрежи мирни до полувремето. Во второто полувреме двете екипи започнаа со поагресивна, напаѓачка игра. Во 23та минута екипата на Пекабеско успеа да одработи одличен напад но сепак дирекот беше сојузник на екипата на Мепсо. Оваа изгледна прилика на Пекабеско како да ја разбуди екипата на Мепсо која тргна во целосна офанзива и за неколку минути успеа да оствари предност која до крајот на натпреварот доста искусно ја одржуваше. Натпреварот заврши со резултат од 5-0.