МЕПСО со тимска игра до победа над L.C. Waikiki

МЕПСО 8-6(4-3) L.C. Waikiki

МЕПСО: Борис Трајковски 3’ 20’ Александар Боцевски 31’ 36’ Диме Рошкоски 6’ 9’ 39’ Слаѓан Ѓоргиевски 36’

L.C. Waikiki: Фуркан Фетаи 19’ 33’ Алојз Перхај 9’ Зуфер Зумбери 30’ 38’ Стефан Цветановски 20’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на МЕПСО и L.C. Waikiki, екипата на МЕПСО одлично го отвори овој натпревар со погодоци во 3та и 6та минута за водство од 2-0. Следуваше брз одговор на екипата на L.C. Waikiki со погодоци во 6та и 9та минута за израмнување на 2-2. ДО крајот на полувремето и двете екипи имаа свои одлични периоди на игра но екипата на МЕПСО беше поуспешна во ова полувреме и замина со предност од 4-3. На стартот на второто полувреме екипата на L.C. Waikiki успеа да постигне погодок за израмнување на резултатот, по ова следуваше помирен период на игра во кој и двете екипи се обидуваа со удари од даличина да направат нешто повеќе. Кон средината на полувремето екипата на МЕПСО успеа резултатски да се одвои на два гола позитива, предност која ја сочува до крајот на натпреварот за победа од 8-6.