Младеновски со хет-трик во првите три минути ја најави победата на Еуро Табак

Еуро Табак 7-3(6-1) LC Waikiki

Еуро Табак: Никола Зафировски 20’ Дејан Јанковски 38’ Дејан Младеновски 1’ 2’ 3’ 10’ Мартин Ливрински 8’
LC Waikiki: Алојз Перхај 39’ Енес Ариф 18’ 32’

Екипата на Еуро Табак одлично го започна натпреварот против LC Waikiki, денеска расположениот за игра Младеновски успеа да реализира хет трик веќе во третата минута и да и донесе висока предност на својата екипа уште на самиот старт. Оваа негатива ја шокираше екипата на LC Waikiki која не успеваше ова полувреме да ја пронајде својата игра, затоа пак екипата на Еуро Табак со одлична игра го доби ова полувреме со резултат од 6-1. На стартот од вториот дел екипата на LC Waikiki се префрли на противничко поле вршејќи притисок со цел да ја намали високата негатива од полувремето, но екипата на Еуро Табак одлично ја постави својата игра во одбраната и дго доби овој натпревар со 7-3