Одличен перформанс на Макпетрол во дуелот со Алкалоид

Алкалоид 2-9(1-3) Макпетрол

Алкалоид: Дарко Стефковски 36′ Даниел Ристевски 7′
Макпетрол: Бенер Бекировски 39′ Мишо Ѓоргиевски 14′ 30′ Марко костенцовски 27′ 38′ 40′ Игор Стојковски 6′ 12′ Горан Костенцовски 33′

Возбудливо прво полувреме ни приредија екипите на Алкалоид и Макпетрол, уште на самиот почеток на натпреварот двете екипи започнаа со жестока борба на секој дел од теренот. Екипата на Макпетрол го отвори резултатот во 6та минута со одличниот погодок на Стојковски, минута подоцна екипата на Алкалоид возврати преку Ристевски за израмнување на резултатот на 1-1. До крајот на полувремето екипата на Макпетрол имаше повеќе од играта па на полувремето замина со предност од 1-3. Во второто полувреме екипата на Алкалоид со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но денес расположената за игра екипа на Макпетрол не дозволи никакво изненадување до крајот на натпреварот ја имаше под контрола играта и резултатот па го доби овој натпревар со 2-9.