Во рамките на дваесет и четвртото коло од Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни единаесет натпревари, а еден натпревар беше регистриран со службен резултат
Во првиот натпревар Макпетрол со тимска игра дојде до победа над МЕПСО
Израмнет прв дел одиграа екипите на Макпетрол и МЕПСО, екипата на Макпетрол имаше повеќе посед на топката но екипата на МЕПСО одлично ја позиционира својата игра во одбраната па одолеваше на притисокот на Макпетрол се до 19та минута кога екипата на Макпетрол успеа да ја пробие одбраната на МЕПСО и да реализира за водство од 1-0, резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Макпетрол преку Лолески успеа да го зголеми водството на 2-0, што им даде дополнителен мотив да го зголемуваат темпото на игра и уште повеќе да притискаат кон голот на МЕПСО. Екипата на МЕПСО не можеше да го прати овој висок ритам на игра па го загуби овој натпревар со 7-2.
Стрелци на головите беа:
Макпетрол: Илчо Филипоски 33’ Мишо Ѓоргиевски 19’ 30’ 31’ Благоја Лолески 23’ Игор Стојковски 28’ 39’
МЕПСО: Слаѓан Ѓоргиевски 38’ 39’
Екипата на Матрикс беше убедлива во дуелот со ЈСП
Одличен старт за екипата на ЈСП во дуелот со Матрикс, уште на самиот старт од натпреварот ЈСП преку Павловиќ успеаа да дојдат до водство од 1-0. По овие почетни минути екипата на Матрикс беше таа која ја превзема иницијативата што во 7та минута преку Цветковски им донесе израмнување на 1-1. До крајот на полувремето екипата на Матрикс го зголемуваше темпото на игра што вроди со плод па на паузата замина со предност од 2-4. Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра каде и двете екипи со одлични удари од далечина и брзи контра напади се обидуваа да го зголемат водството. Поуспешна во овој начин на игра беше екипата на Матрикс која со својата подолга клупа успеваше да ја одржи свежината на теренот што се одрази на резултатот и им донесе победа од 3-7.
Стрелци на головите беа:
ЈСП: Љупчо Павловиќ 1’ Јовица Илиевски 19’ Марјан Србиновски 27’
Матрикс:Никола Христовски 15’ Дарко Цветковски 7’ 12’ 23’ Петре Даиловски 15’40’ Мирко Богески 27’
Еуро Табак ја надигра екипата на ЕЛЕМ
Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Еуро Табак, првата фаза од полувремето и припадна на екипата на ЕЛЕМ која на стартот наметна своја игра што и донесе многу шанси за погодок па во 12та минута реализираа за водство од 1-0. По оваа негатива следуваше одличен период за екипата на Еуро Табак која за само неколку минути успеа да постигне три погодоци за целосен резултатски пресврт и водство од 1-3, сепак во последната минута од полувремето екипата на ЕЛЕМ успеа да постигне погодок и да се доближи на гол негатива 2-3 резултат со кој се замина на паузата. На стартот од вториот дел екипата на Еуро Табак со голот на Јанковски успеа да го зголеми водството на 2-4, по ова водство екипата на ЕЛЕМ беше приморана да започне со поагресивна игра како би фатила резултатски приклучок. Сепак екипата на Еуро Табак имаше повеќе од играта па го доби овој натрпевар со 3-5
Стрелци на головите беа:
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 12’ 33’ Горан Николов 20’
Еуро Табак: Дејан Јанковски 18’ 23’ Мартин Ливрински 15’ 20’ 27’
Џонсон Мети беа сигурни во дуелот со Пекабеско
Одличен старт на дуелот помеѓу Пекабеско и Џонсон Мети, видовме рано постигнати погодоци за водство на екипата на Џонсон Мети во 3та минута од 1-2, вие погодоци беа вовед во едно динамично и интересно прво полувреме. Како одминуваше времето екипата на Џонсон Мети ја превзеде иницијативата и вршеше силен притисок кон голот на Пекабеско што резултираше со погодоци во 15та и 20та минута за водство од 1-4 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Пекабеско со сите сили се обидуваше да направи нешто повеќе и да фати резултатски приклучок но не успеваше да најде противигра за денес расположената екипа на Џонсон Мети која го доби овој натпревар со 2-11.
Стрелци на головите беа:
Пекабеско: Столе Стојковски 34’ Марко Ѓоргиевски 3’
Џонсон Мети: Христијан Стојановски 32’ Бојан Дејановски 2’ 3’ 15’ 20’ 40’ 40’ Мартин Николовски 25’ 26’ 30’ Благоја Божиновски 24’
# | Одиграни | Победи | Нерешени | Порази | ГД | ГП | +/- | Поени | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Матрикс | 24 | 23 | 1 | 147 | 52 | 95 | 69 | |
2 | Макпетрол | 24 | 18 | 3 | 3 | 158 | 75 | 83 | 57 |
3 | Лукоил | 24 | 17 | 3 | 4 | 143 | 90 | 53 | 54 |
4 | Џонсон Мети | 24 | 17 | 3 | 4 | 135 | 70 | 65 | 54 |
5 | Рамстор | 24 | 17 | 2 | 5 | 126 | 84 | 42 | 53 |
6 | Еуро Табак | 24 | 17 | 1 | 6 | 146 | 100 | 46 | 52 |
7 | Сава Осигурување | 24 | 16 | 3 | 5 | 154 | 111 | 43 | 51 |
8 | Уника | 24 | 16 | 2 | 6 | 156 | 113 | 43 | 50 |
9 | Македонски Телеком | 24 | 14 | 3 | 7 | 96 | 87 | 9 | 45 |
10 | ЕВН | 24 | 12 | 3 | 9 | 124 | 109 | 15 | 39 |
11 | Гранит | 24 | 12 | 2 | 10 | 167 | 152 | 15 | 38 |
12 | Аџибадем Систина | 24 | 12 | 2 | 10 | 129 | 139 | -10 | 38 |
13 | Вип | 24 | 12 | 2 | 10 | 112 | 94 | 18 | 38 |
14 | Алкалоид | 24 | 10 | 5 | 9 | 122 | 103 | 19 | 35 |
15 | С.Ц. Борис Трајковски | 24 | 9 | 4 | 11 | 102 | 112 | -10 | 31 |
16 | Фабрика Карпош - ГИМ | 24 | 10 | 1 | 13 | 101 | 118 | -17 | 31 |
17 | ЈСП | 24 | 7 | 4 | 13 | 111 | 122 | -11 | 25 |
18 | ЕЛЕМ | 24 | 8 | 1 | 15 | 98 | 122 | -24 | 25 |
19 | МЕПСО | 24 | 6 | 1 | 17 | 85 | 146 | -61 | 19 |
20 | L.C. Waikiki | 24 | 4 | 4 | 16 | 84 | 126 | -42 | 16 |
21 | Окта | 24 | 4 | 2 | 18 | 88 | 121 | -33 | 14 |
22 | Уни Банка | 24 | 3 | 2 | 19 | 76 | 135 | -59 | 11 |
23 | Маркарт | 24 | 3 | 1 | 20 | 89 | 124 | -35 | 10 |
24 | Пекабеско | 24 | 2 | 2 | 20 | 63 | 134 | -71 | 8 |
25 | Искрател Груп | 24 | 2 | 22 | 50 | 153 | -103 | 6 |
Уни Банка со пресврт во второто полувреме дојде до победа над Окта
Одличен старт за екипата на Уни Банка со погодок уште во првата минута за водство од 1-0, овој рано постигнат погодок за екипата на Уни Банка и даде мотив на екипата на Окта да започне со поагресивна игра во која успеа да креира многу шанси за погодок а во 9та и 14та минута да реализира за целосен пресврт од 1-2. До крајот на полувремето екипата на Уни Банка имаше неколку прилики за израмнување на водството но и слаба реализација па на полувреме се замина со резултат од 1-2. Во второто полувреме екипата на Уни Банка имаше одличен почеток па за само две минути поточно во 25та и 27та минута успеа да направи пресврт и повторно да го превземе водството. По ова екипата на Окта се префрли на противничко поле и вршеше жесток притисок кон голот на Уни Банка, која пак одлично ја постави својата одбрана и успеваше да одолее на притисокот и да го добие овој натпревар со 4-2.
Стрелци на головите беа:
Уни Банка: Александар Кузинаков 27’ 40’ Ивица Орозовски 1’ 25’
Окта: Живко Котевски 14’ Александар Јовчевски 9’
Во натпревар полн со пресврт екипата на Аџибадем Систина беше поуспешна од екипата на Вип
Екипата на Аџибадем Ситина одлично го отвори дуелот со Вип, со погодок во 2та минута и водство од 0-1. По овој рано постигнат погодок екипата на Вип започна со офанзивна игра, па во во 4та минута успеа да реализира за 1-1. Овој погодок и даде дополнителен мотив на екипата на Вип која до средината на полувремето успеа да постигне уште два погодоци да направи целосен резултатски пресврт и да дојде до вдство 3-1. Екипата на Систина не се откажуваше лесно од овој натпревар и со погодоците во 16та и 17та минута успеа да дојде до само гол негатива и резултат од 4-3 резултат со кој се отиде на полувремето. Во второто полувреме екипата на Систина започна со поагресивна игра што во 26та минута и донесе израмнување, сепак во 28та минута екипата на Вип успеа да искористи кикс во одбраната на Систина и повторно да го превземе водството на 5-4. Сепак до крајот на натпреварот екипата на Систина се префрли на противничко поле и со константен притисок кон голот на Вип успеа да израмни а кратко потоа и да дојде до предност од 5-6 со која го доби овој натпревар.
Стрелци на головите беа:
Вип: Ненад Богдановиќ 18’ Мартин Ангеловски 10’ Иле Никодиновски 4’ 28’ Васко Дојчинов 15’
Аџибадем Систина: Александар Јаневски 31’ Далибор Дамјановиќ 16’ 34’ Игор Ѓорѓиевски 26’ Кристијан Димковски 2’ 17’
Фабрика Карпош –ГИМ преку Панев дојде до победа над Македонски Телеком
Првиот дел од полувремето помеѓу екипите на Македонски Телеком и Фабрика Карпош – ГИМ помина во мирен ритам без многу шанси за гол и на двете страни. Како одминуваше времето тие го засилуваа темпото на игра па почнаа да се редат шанси за гол на двете страни, што резултираше со два погодоци во 13та минута на Александар Божиков и водство за Фабрика Карпош – ГИМ од 0-2. До крајот на полувремето екипата на Телеком вршеше притисок во предно поле со цел да дојде до израмнување но екипата на Фабрика Карпош со одлична игра во одбраната не остави простор за игра па на паузата замина со предност од 0-4. Во второто полувреме екипата на Телеком се обиде со промена на тактиката внесувајќи во игра голман играч со цел да фати резултатски приклучок. Екипата на Фабрика Карпош во ова второ полувреме имаше целосна контрола врз играта и резултатот па не дозволи изненадување успеа да ја сочува предноста и да го добие овој натпревар со 4-6.
Стрелци на головите беа:
Македонски Телеком: Робер Поповски 26’ Стефан Насковски 39’ Марко Магденовски 23’ 31’
Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 20′ 20’ 23’ 28’ 40’ Александар Божиков 13’ 13’
Сава Осигурување со рутинирана игра дојде до победа над Искрател Груп
Првото полувреме од дуелот помеѓу екипите на Сава Осигурување и Искрател Груп во целост и припадна на екипата на Сава Осигурување која уште на самиот старт наметна високо темпо на игра кое екипата на Искрател Груп не можеше да го следи, па екипата на Сава Осигурување се стекна со солидно водство од 3-1 во 8та минута. До крајот на полувремето екипата на Сава Осигурување имаше повеќе од поседот на топката што се одрази на резултатот 7-2 на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Сава Осигурување успеа да постигне погодок и да го зголеми водството што дополнително ја отежна работата на Искрател Груп која имаше голема резултатска негатива. Останатиот дел од полувремето екипата на Сава Осигурување го одработи рутинирано за висока победа од 14-4.
Стрелци на головите беа:
Сава Осигурување: Јовица Марковски 1’ 2’ 8’ 12’ 22’ 30’ 32’ 38’ Коста Глигуровски 20’ Данило Апостолски 19’ 27’ 38’ Андреј Китановски 34’ Синиша Танушевски 7’
Искрател Груп: Ратко Иванов 38’ Никола Велевски 29’ Филип Кекев 4’ 17′
Број на дрес | Играч | Број на погодоци | Екипа | |
---|---|---|---|---|
Група А | ||||
1 | 9 | Филип Илиевски | 4 | Фабрика Карпош - ГИМ |
4 | 8 | Матеј Јаневски | 3 | Glass Lux |
3 | 20 | Тони Брњарчевски | 2 | Матрикс |
4 | 8 | Марко Недевски | 2 | Транском |
5 | / | Бројан Чушевски | 2 | Џонсон Мети |
Група А | ||||
1 | 9 | Марко Неделковски | 6 | Bestway Solution |
2 | 15 | Дамјан Петревски | 5 | Тиквеш |
3 | 11 | Арбен Нухиу | 3 | УНИКА |
4 | 20 | Александар Крстевски | 2 | Кромберг & Шуберт |
5 | 6 | Мустафа Мустафа | 2 | LC Waikiki |
Лукоил преку Фенов дојде до победа над ЕВН
Екипата на ЕВН одлично го отвори дуелот со екипата на Лукоил со водство во 2та минута и предност од 1-0. По ова водство за екипата на ЕВН екипата на Лукоил се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок што и донесе израмнување во 5та минута со голот на Цветковски а неколку минути подоцна поточно во 10та минута и водство од 1-2. До крајот на полувремето екипата на Лукоил имаше повеќе од играта па на полувреме замина со предност од 3-4.Во второто полувреме екипата на ЕВН со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на Лукоил со одлична игра во фаза на напад и одбрана не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 4-6.
Стрелци на головите беа:
ЕВН: Вилијам Митев 2’ 15’ 35’ Драги Стојановски 11’
Лукоил: Марјан Цветковски 5’ Антонио Фенов 10’ 15’ 19’ 31’ 34’
Гранит и С.Ц. Борис Трајковски ги поделија бодовите
Првиот дел од полувремето од натпреварот помеѓу С.Ц. Борис Трајковскии Гранит одмина во мирно темпо на игра без многу шанси за погодок и на двете страни. Како одминуваше времето двете екипи го подигаа темпото на игра со што започнаа и конкретни закани кон противничките голмани. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски во 14та минута успеа да искористи кикс во одбраната на Гранит и преку Стојановски успеа да го отвори резултатот на 1-0. По оваа негатива екипата на Гранит започна со жесток пресинг на целиот терен бркајќи израмнување, сепак екипата на С.Ц. Борис Трајковски до полувремето успеа да ја задржи предноста од 1-0. На стартот од второт полувреме екипата на С.Ц. Борис Трајковски преку својот голман Костов успеа да го зголеми водството на 2-0, што дополнително ја отежна работата на Гранит. По оваа негатива екипата на Гранит внесе голман играч со цел да створи вишок во фаза на напад како полесно би креирале шанси за погодок. Оваа промена на тактиката вроди со плод па до крајот на натпреварот со два гола во последната минута успеаа да го изедначат резултатот на 5-5 и да ги поделат бодовите.
Стрелци на головите беа:
С.Ц. Борис Трајковски: Влахо Костов 22’ Љубомир Стојановски 14’ Јован Димовски 28’ 35’ Оливер Китановски 37’
Гранит: Дарко Петров 29’ Дарко Стојановски 29’ 32’ Сашо Каровски – Џуме 40’ 40’
Уника со својата препознатлива игра дојде до победа над Маркарт
Екипата на Маркарт имаше одличен старт во дуелот против екипата на Уника, тие ја превземаа почетната иницијатива што им донесе водство во 10та минута. По оваа негатива екипата на Уника започна со жесток притисок кон голот на Маркарт па за само 4 минути успеа да постигне пет погодоци и да се стекне со високо водство од 1-5. Во второто полувреме екипата на Маркарт со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок но не успеваше да најде против игра за денес расположената екипа на Уника која со одлична игра во двата правци не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 4-8
Стрелци на головите беа:
Маркарт: Александар Ристовски 22’ 40′ Демче Шојлев 10’ 38’
Уника: Кренар Сума 15’ 25’ Бенјамин Граинца 11’ 14’ 14’ Арбен Нухиу 13’ Сашо Јакимовски 34’ 40′
Ова коло се истакнаа следните поедници:
– Јовица Марковски (Сава Осигурување) 8 гола
– Бојан Дејановски (Џонсон Мети) 6 гола
– Кристијан Панев (Фабрика Карпош – ГИМ) 5 гола
– Антонио Фенов (Лукоил) 5 гола
– Дарко Цветковски (Матрикс) 3 гола
Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Мишо Ѓоргиевски (Макпетрол), Мартин Николовски (Џонсон Мети), Ивица Орозовски (Уни Банка), Мартин Ливрински (Еуро Табак), Данило Апостоловски(Сава Осигурување), Саше Каровски (Гранит), Бенјамин Граинца (Уника)
Екипа на колото: Уни Банка
Тренер на колото: Марјан Казаков (Фабрика Карпош)
Голман на колото: Саше Мирчевски (Фабрика Карпош)