Пекабеско со пресврт до победа над Искрател Груп

Пекабеско 5-3(1-2) Искрател Груп

Пекабеско: Алвин Бачко 25’ 35’ 38’ Слободан Игнатов 12’ Стефче Стојановски 36’

Искрател Груп: Влатко Иванов 30’ Ратко Иванов 13’ 20’

Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Пекабеско и Искрател Груп, првиот дел од полувремето се одигра во мирен ритам без многу шанси и на двете страни. Како одминуваше времето двете екипи започнаа со нешто поагресивна игра а тоа донесе голови во 12та минута за водство на Пекабеско од 1-0 и брз одговор на Искрател Груп во 13та минута за 1-1. До крајот на полувремето двата тима имаа по неколку шанси да постигнат погодок но екипата на Искрател Груп беше таа која имаше успешна реализација за водство од 1-2 на паузата. Во второто полувреме екипата на Пекабеско успеа да постигне погодок и да го израмни резултатот, овој рано постигнат погодок им даде ветер во грб па продолжија со одлична игра што резултираше со предност од два гола која успеаа да ја одржат до самиот крај и да го добијат овој натпревар со 5-3.