Пеколно второ полувреме на Матрикс за висока победа над Вип

Вип 1-7(1-2) Матрикс

Вип: Ненад Богдановиќ 6’
Матрикс: Никола Христовски 4’ 14’ Петре Даиловски 21’ 32’ мирко Богески 31’ 37’ Драган Брњарчевски 37’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Вип и Матрикс, екипата на Матрикс со одличнот погодок на Христовски во 4та минута го отвори резултатот. Следуваше брз одговор на екипата на Вип со погодокот на Богдановиќ во 6та минута за израмнување на резултатот на 1-1. По овие воведни минути екипата на Матрикс ја превзеде иницијативата и имаше повеќе од играта што им донесе водство од 1-2 во 14та минута со вториот погодок на Христовски. До крајот на полувремето екипата на Вип успеа да креира неколку шанси за израмнување но не успеа да реализира па на полувреме се замина со резултатот од 14та минута 1-2. Во второто полувреме екипата на Матрикс успеа да постигне погодок и да го зголеми водството, по ова екипата на Вип беше приморана да фрли се на една карта и да тргне во целосна офанзива со цел да го намали водството и да фати резултатски приклучок. Екипата на Матрикс со одлично поставена игра успеа да ги искористи сите пропусти на одбраната на Вип и да го добие овој натпревар со високи 1-7.