Рамстор со одлично второ полувреме до победа над А!1

A1 4-7(3-0) Рамстор

А1: Мартин Тодоровски 9’ 12’ Иле Никодиновски 38’ Ненад Богдановиќ 4’
Рамстор: Енгин Мемеди 38’ Азрет Абаз 21’ Ибрахим Бекир 29’ Фуркан Муртезан 29’ Јахја Кадир 22’ 23’ 27’

Првото полувреме од дуелот помеѓу А1 и Рамстор и припадна на екипата на А1 која уште на самиот старт ја превзема иницијативата и нападна со жестоки акции кон голот на Рамстор што вроди со плод со погодок во 4та минута и водство од 1-0. По оваа негатива екипата на Рамстор започна со пожестока игра со цел да дојде до израмнување, но екипата на А1 одлично ја постави својата игра во одбраната не остави многу простор за игра а преку контра напади успеа да казни во 9та и 12та за водство од 3-0 кое го задржа до полувремето. Во второто полувреме екипата на Рамстор започна со агресивна игра и за неполни две минути успеа да постигне 3 погодоци и да го израмни резултатот. Овие одлични воведни минути им дадоа дополнителен мотив па тргнаа уште пожестоко кон голот на А1 и со одлична игра го превземаа водството а минута во минута успеваа и да го зголемат за на крајот да извојуваат победа од 4-7.