Рамстор со пресврт до победа над ЕВН

ЕВН 2-3(2-1) Рамстор

ЕВН: Вилијам Митев 11′ Ајет Новобрдарија 16′
Рамстор: Фуркан Муртезан 27′ 29′ Ведат Арслан

Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу ЕВН и Рамстор, помина во помирно темпо на игра без многу шанси за гол, играта главно се одвиваше на средината на теренот. Како одминуваше времето екипата на ЕВН вршеше посилен притисок кон голот на Рамстор што резултираше со погодок во 11та минута и водство од 1-0. По ова екипата на Рамстор направи неколку промени во тимот и тргна по израмнување на резултатот, но екипата на ЕВН во финишот од полувремето преку еден контра напад успеа да ги изненади и да го зголеми водството на 2-0. До крајот на полувремето екипата на Рамстор се обидуваше да го намали водството во што и успеа во 20та минута па на полувремето се замина со 2-1. На стартот на второто полувреме екипата на Рамстор се префрли на противничко поле вршејќи притисок кон голот на ЕВН што вроди со плод во 27та минута и израмнување на резултатот.Последните минути од натпреварот беа вистинска бркотница во која поуспешна беше екипата на Рамстор која го доби овој натпревар со 2-3