Рамстор со пресврт до победа над Окта

Рамстор 5-3(2-3) Окта

Рамстор: Фуркан Муртезан 11′ 12’ Енис Мурселов 23’ Хурјед Шаќири 38’ Михрем Мемед 28’
Окта: Живко Котевски 2’ 3’ Драганче Стојановски 3’

Екипата на Окта со одличен старт во дуелот со Рамстор, уште на самиот почеток на полувремето екипата на Окта покажа одлична игра и брза реализација за високо водство од 0-3 во 3та минута. По ова водство на Окта екипата на Рамстор го подигна темпото на игра и се префрли на противничка половина со цел да дојде до намалување на резултатот. До крајот на полувремето екипата на Рамстор успеа да ја стопи предноста на Окта и да дојде на само гол негатива но не и да направи целосен пресврт па на паузата се замина со резултат од 2-3. На стартот на второто полувреме екипата на Рамстор успеа да дојде до израмнување на резултатот на 3-3 што им даде дополнителен мотив и желба за победа. Екипата на Окта се обидуваше да ја врати предноста но таквата отворена игра ја направи нивната одбрана ранлива што рамстор го искористи за целосен пресврт од 4-3. До крајот на натпреварот екипата на Рамстор успеа да реализира уште еднаш и да ја осигура победата во дуелот со Окта на резултат од 5-3.