Рамстор ја сочува предноста во дуелот со Џонсон Мети

Џонсон Мети 2-3(0-2) Рамстор

Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 39’ Христијан Стојановски 34’

Рамстор: Ведат Арслан 8’  Ибрахим Бекир 13’ Хурјед Шаќири 8’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Џонсон Мети и Рамстор, воведните минути од натпреварот одминаа во одмерување на силите и без многу шанси за погодок на двете страни. Како одминуваше времето и двете екипи го подигаа темпото на игра и почнаа да се редат шанси за погодок, екипата на Рамстор со голот на Арслан во 8та минута стигна до водство од 1-0. По ова екипата на Џонсон Мети започна со поагресивна игра вршејќи притисок кон голот на Рамстор со цел да дојде до израмнување, тие успеаа да створат неколку шанси за погодок но не реализираа па тоа го казни Рамстор со погодок во 13та минута за водство од 0-2 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Рамстор успеа да постигне погодок и да ја зголеми предноста на 0-3. По оваа негатива екипата на Џонсон Мети фрли се на една карта и тргна во целосна офанзива по израмнување, тие се обидоа на сите можни начини да фатат резултатски приклучок што делумно им успеа во 34та минута постигнуваќи погодок за намалување на резултатот на 1-3. Но екипата на Рамстор со одлично поставена игра во одбраната успеа да ја сочува предноста и да го добие овој натпревар со 2-3.