Сава Осигурување со рутинирана игра до победа над Искрател Груп

Сава Осигурување 14-4(7-2) Искрател Груп

Сава Осигурување: Јовица Марковски 1’ 2’ 8’ 12’ 22’ 30’ 32’ 38’ Коста Глигуровски 20’ Данило Апостолски 19’ 27’ 38’ Андреј Китановски 34’ Синиша Танушевски 7’

Искрател Груп: Ратко Иванов 38’ Никола Велевски 29’ Филип Кекев 4’ 17’

Првото полувреме од дуелот помеѓу екипите на Сава Осигурување и Искрател Груп во целост и припадна на екипата на Сава Осигурување која уште на самиот старт наметна високо темпо на игра кое екипата на Искрател Груп не можеше да го следи, па екипата на Сава Осигурување се стекна со солидно водство од 3-1 во 8та минута. До крајот на полувремето екипата на Сава Осигурување имаше повеќе од поседот на топката што се одрази на резултатот 7-2 на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Сава Осигурување успеа да постигне погодок и да го зголеми водството што дополнително ја отежна работата на Искрател Груп која имаше голема резултатска негатива. Останатиот дел од полувремето екипата на Сава Осигурување го одработи рутинирано за висока победа од  14-4.