Сава Осигурување успеа да ја сочува предноста во дуелот со Еуро Табак

Сава Осигурување 9-7(4-2) Еуро Табак

Сава Осигурување: Јовица Марковски 5’ 11’ Коста ГЛигуровски 26’ 37’ Трајче Илиевски 3’ 8’ Андреј Китановски 32’ 33’ 40’
Еуро Табак: Никола Зафировски 10’ 34’ Дејан Јанковски 30’ Мартин Ливрински 13’ 21’ 31’ 38’

Ефикасно прво полувреме ни прикажаа екипите на Сава Осигурување и Еуро Табак, прва до водство дојде екипата на Сава Осигурување со голот на Илиевски во 3та минута и следните неколку минути и преипаднаа на Сава оСигурвање која успеа да се стекне со солидна предност, сепак екипата на Еуро Табак не се откажуваше лесно во ова полувреме па успеа да постигне два погодоци и да фати резултатски приклучок. Екипата на Сава Осигурување до крајот од полувремето прикажа одлична игра во одбраната па ја сочува предноста од 4-2 на полувреме. На стартот на второто полувреме екипата на Еуро Табак успеа да реализира за доближување на само еден гол негатива што им даде мотив за да атакуваат на противникот. Ваквата отворена игра ја остави одбраната на Еуро Табак ранлива што Сава Осигурување вешто го искористи за повторно да се врати во предноста. До крајот на натпреварот екипата на Сава Осигурување успешно ја одржа предноста од два гола за победа од 9-7.