УНИКА немаше доволно среќа за пресврт со Лукоил

УНИКА 3-6(1-5) Лукоил

УНИКА: Арбен Нухиу 13’ 33’ Шабан Чупи 22’
Лукоил: Александар Георгиевски 2’ 18’ Горан Стојанов 12’ Лоренцо Николовски 35’ Петар Лефков 15’ 19’

Одличен почеток за екипата на Лукоил во дуелот со УНИКА тие уште на самиот старт наметнаа високо темпо на игра што им донесе рано водство преку Георгиевски уште во 2та минута. Екипата на УНИКА по оваа негатива го подигна темпото на игра и настапи нешто поофанзивно но во ваквата игра подзаборави на одбраната што Лукоил го искористи за зголемување на водството на 0-3. Екипата на УНИКА успеа да ја намали разликата но до полувремето екипата на Лукоил ја имаше контролата врз играта па на полувремето замина со предност од 1-5. Во второто полувреме екипата на УНИКА почна да ја топи предноста на Лукоил и дојде до само два гола негатива, но Лукоил не дозволи изненадување ја сочува предноста па на крајот славеше со 3-6.