Уника со пресврт до победа над С.Ц. Борис Трајковски

Уника 7-2(1-2) С.Ц. Борис Трајковски


Уника: Арбен Нухиу 27’37’ Тимотеј Нешовски 5’ Кренар Сума 31’ 33’ Даниел Стојковски 37’ Бенјамин Граинца 39’С.Ц. Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 7’ Дарко Филиманов 7’


Интересно прво полувреме одиграа екипите на Уника и С.Ц. Борис Трајковски, воведните минути од натпреварот и припаднаа на екипата на Уника која успеа во 5та минута да постигне погодок за водство од 1-0. По оваа негатива екипата на С.Ц. Борис Трајковски започна со поофанзивна игра што донесе резултат во 7та минутаа со два гола едноподруго за целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на С.Ц. Борис Трајковски се фокусираше на одбраната, а екипата на Уника се обидуваше со жесток притисок да дојде до израмнување, сепак С.Ц. Борис Трајковски одолеа на притисокот па на полувремето замина со предност од 1-2. Екипата на Уника го започна второто полувреме со силен притисок кон голот на С.Ц. Борис Трајковски што вроди со плод во 27та минута кога успеаа да го израмнат резултатот на 2-2. Ова им даде дополнителен мотив и ветер во грб за во остатокот од полувремето да ја подигнат играта уште едно ниво да направат целосен пресврт и да го добијат овој натпревар со 7-2.