Уни Банка со пресврт во второто полувреме до победа над Окта

Уни Банка 4-2(1-2) Окта

Уни Банка: Александар Кузинаков 27’ 40’ Ивица Орозовски 1’ 25’

Окта: Живко Котевски 14’ Александар Јовчевски 9’

Одличен старт за екипата на Уни Банка со погодок уште во првата минута за водство од 1-0, овој рано постигнат погодок за екипата на Уни Банка и даде мотив на екипата на Окта да започне со поагресивна игра во која успеа да креира многу шанси за погодок а во 9та и 14та минута да реализира за целосен пресврт од 1-2. До крајот на полувремето екипата на Уни Банка имаше неколку прилики за израмнување на водството но и слаба реализација па на полувреме се замина со резултат од 1-2. Во второто полувреме екипата на Уни Банка имаше одличен почеток па за само две минути поточно во 25та и 27та минута успеа да направи пресврт и повторно да го превземе водството. По ова екипата на Окта се префрли на противничко поле и вршеше жесток притисок кон голот на Уни Банка, која пак одлично ја постави својата одбрана и успеваше да одолее на притисокот и да го добие овој натпревар со 4-2.