Фабрика Карпош – ГИМ со одлично второ полувреме до победа над Уни Банка

Фабрика Карпош – ГИМ 5-4(1-3) Уни Банка

Фабрика Карпош – ГИМ: Лазе Божиновски 38’ Георги Божиков 32’ Кристијан Панев 2’ 21’ 31’

Уни Банка: Александар Кузинаков 9’ 38’ Ивица Орозовски 9’ 12’

Одличен старт за екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во дуелот против екипата на Уни Банка, екипата на Фабрика Карпош – ГИМ уште на самиот почеток на натреварот односно во 2та минута со голот на Панев успеа да дојде до водство од 1-0.  Овие воведни минути и припаднаа на екипата на Фабрика Карпош – ГИМ која имаше целосна контрола врз играта, но во средината на полувремето екипата на Уни Банка одигра фуриозни три минути па од 9та до 12та минута успеа да постигне три погодоци за целосен пресврт и водство од 1-3 резултат со кој се замина на полувремето. На самиот старт на второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ се префрли на противничката половина и веќе во 21та минута успеа да го намали водството на Уни Банка на 2-3. Ова им даде дополнителен мотив па до до 38та минута дојде до комплетен пресврт од 5-3, до крајот на натпреварот екипата на Уни Банка се обиде да се врати во натпреварот но до последниот судиски свреж успеа само да намали на 5-4 резултат со кој заврши овој натпревар.