Фабрика Карпош – ГИМ со тимска игра до победа над ТАВ

ТАВ 1-9(0-5) Фабрика Карпош – ГИМ

ТАВ: Ријат Сулејмани 30’
Фабрика Карпош – ГИМ: Георги Божиков 18’ Кристијан Панев 9’ 34’ 40’ Виктор Ристовски 10’ 23’ Тони Котев 28’ Филип Илиевски 1’ 19’

Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ одлично го отвори натпреварот против екипата на ТАВ со погодок уште во првата минута. Овој рано постигнат погодок ја дефокусираше екипата на ТАВ, па екипата на Фабрика Карпош ја искористи таквата прилика и веќе во 10та минута имаше комотна предност од 0-3. Екипата на ТАВ со чести ротации на играчи и промена на тактиката се обидуваше да фати резултатски приклучок но не успеа во таа намера бидејќи екипата на Фабрика Карпош – ГИМ одлично ја постави својата игра во одбраната не дозволи изненадување па на полувреме замина со предност од 0-5. Во второто полувреме екипата на ТАВ продолжи со жесток притисок кон голот на Фабрика Карпош, како би ја намалиле високата негатива од полувремето но екипата на Фабрика Карпош со одлично поставена игра во фаза на напад и одбрана имаше целосна контрола врз играта и резултатот па го доби овој натпревар со 1-9.