Фабрика Карпош – ГИМ со тимска игра до победа над L.C. Waikiki

L.C. Waikiki 4-8(1-3) Фабрика Карпош – ГИМ

L.C. Waikiki: Фрикан Фетаи 24’ 24’ 32’ Стефан Цветановски 17’
Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 13’ 20’ 32’ 39’ Мини Нешиќ 40’ Александар Божиков 2’ 38’ Мирослав Ниновски 24’
Екипата На Фабрика Карпош – ГИМ одлично го отвори натпреварот против екипата на L.C. Waikiki со погодок уште во втората минута. Овој рано примен погодок ја промени целата концепција на игра на екипата на L.C. Waikiki и на самиот почеток беа приморани да бркаат резултат. Таквата отворена игра на екипата на L.C. Waikiki остави празнина во нивната одбрана која ја искористи екипата на Фабрика Карпош – ГИМ и во 13та минута успеа да постигне гол за водство од 0-2. До крајот на полувремето екипата на L.C. Waikiki успеа да постигне погодок и да фати резултатски приклучок но во последните моменти од полувремето екипата на Фабрика Карпош –ГИМ успеа да постигне уште еден погодок за комотно водство од 1-3 на полувремето. Во второто полувреме екипата на L.C. Waikiki се обидуваше со чести ротации на играчи да дојде до израмнување на резултатот. Кон средината на полувремето успеаа во таа намера, но сепак екипата на Фабрика Карпош во финишот одигра маестрално па го доби овој натпревар со високи 4-8.