Фабрика Карпош со погодок во последната минута до бодовите во дуелот со Систина

Фабрика Карпош – ГИМ 6-7(2-0) Аџибадем Систина

Фабрика Карпош –ГИМ: Игор Николовски 39’ Кристијан Панев 16’ 25’ Георги Божиков 29’ 31’ 40’ Бејан Моукоч 19’
Аџибадем Систина: Далибор Дамјановиќ 24’ Кристијан Димковски 22’ 22’ 35’ 38’ Никола Малјановски 32’

Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу Фабрика Карпош и Аџибадем Систина помина во мирен ритам на игра, без многу шанси за погодок и двете екипи беа претпазливи , нивните играчи се обидуваа со соло акции и удари од далечина да направат нешто повеќе. Кон крајот на полувремето поточно 16та минута екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа да реализира еден одличен контра напад за водство од 1-0.До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош успеа да постигне уште еден гол и на паузата да замине со предност од 2-0. На стартот на второто полувреме екипата на Систина за само три минути успеа да постигне три погодоци и да направи целосен резултатски пресврт. Екипите наизменично се менуваа во водството па во последните минути се влезе во неизвесна завршница во која екипата на Фабрика Карпош со гол во последната минута успеа да го добие натпреварот со резултат од 7-6.