Фарбика Карпош – ГИМ со одлично второ полувреме до победа над Вип

Фарбика Карпош – ГИМ 3-2(1-1) Вип

Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 18’ 27’ Александар Божиков 25’
Вип: Мартин Ангеловски 26’ Васко Дојчинов 19’

Прво полувреме исполнето со многу борба по целиот терен ни прикажаа екипите на Фарбика Карпош – ГИМ и Вип, двата тима влегоа претпазливи во овој натпревар и повеќе се фокусираа на одбрана на својот гол отколку на нападот. Двете екипи успеаа да креираат по некоја шанса за погодок но двата голмани со одлични интервенции ги сочуваа своите мрежи. Кога се очекуваше на полувреме да се замине без голови Панев со погодок во 18та минута за водство од 1-0 за Фарбика Карпош – ГИМ, следуваше брз одговор од Вип и веќе следната минута Дојчинов израмни на 1-1 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра, екипата на Фарбика Карпош – ГИМ со голот на Божиков во 25та минута успеа да го превземе водството, следната минута стрелаше Ангеловски за израмнување на 2-2. Екипата на Фарбика Карпош – ГИМ повторно го превзема водството со вториот гол на Панев во 27та минута, па последните минути од натпреварот беа вистинска бркотница. Екипата на Вип со сите сили се обидуваше да дојде до реми во овој натпревар но екипата на Фарбика Карпош – ГИМ не дозволи изненадување па ги однесе бодовите со резултат од 3-2.