ЈСП со пресврт до победа над Македонски Телеком

ЈСП 6-2(0-2) Македонски Телеком

ЈСП: Дејан Блажевски 26’ Велко Серафимовски 40’ Даниел Антовски 23’ 31’ Сабит Хусеини 39’ Тихо Фидановски 27’ 35’
Македонски Телеком: Данило Миладиновски 20’ Михајло Лазаревски 11’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и Македонски Телеком, екипата на Телеком со погодокот на Лазаревски во 11та минута успеа да го отвори резултатот за водство од 0-1. По оваа негатива екипата на ЈСП се префрли на противничкото поле и вршеше притисок кон голот на Телеком со цел да дојде до израмнување, но екипата на Телеком одлично ја контролираше играта и не дозволи изненадување. И кога се очекуваше дека на полувремето ќе се замине со овој резултат буквално во последната секунда од полувремето голманот на Телеком Миладиновски со ефектен погодок и донесе водство на својата екипа од 0-2. Во второто полувреме видовме една нова екипа на ЈСП која влезе многу помотивирано и од самиот старт вршеше константен притисок кон голот на Телеком, што вроди со плод па веќе во 23та минута дојдоа до целосен резултатски пресврт од 3-2. До крајот на натпреварот екипата на Телеком се обидуваше да се врати во игра но екипата на ЈСП рутиниранја заврши задачата и го доби овој натпревар со 6-2.