Џонсон Мети во последните минути од натпреварот до победа над Вип

Џонсон Мети 4-2(0-0) Вип

Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 36’ 37’ 39’ Бојан Дејановски 36’

Вип: Мартин Ангеловски 38’ 40′

Прво полувреме во висок ритам на игра и голема борба на секоја педа од теренот одиграа екипите на Џонсон Мети и Вип. Двете екипи влегоа претпазливо во овој дуел и фокус ставија врз својата одбрана, па затоа имаше малку шанси за погодок на двете страни. Играчите на двата тима се обидуваа со соло продори и удари од далечина да го отворат резултатот, но и голманите имаа одлични интервенции па ги сочуваа своите мрежи мирни се до паузата. Во второто полувреме се продолжи со жестока борба по целиот терен, полувреме во кое екипата на Џонсон Мети се обиде со промена на тактика внесување на голман-играч да започне со поофанзивен стил на игра, но екипата на Вип одлично ја имаше поставено играта во одбраната и успеваше да одолее на жестокиот притисок се до 36та минута кога екипата на Џонсон Мети успеа да постигне два погодоци кои беа пресудни пробивање на одбраната на Вип и конечна победа во овој натпревар од  4-2.