Џонсон Мети го издржа притисокот и триумфираше над Македонски Телеком

Македонски Телеком (1-5) Џонсон Мети

Македонски Телеком: Михајло Лазаевски 18’ 28’ 30’ 33’
Џонсон Мети:Александар Недев 2’ Бојан Дејановски 5’ 8’ Благојче Божиновски 13’ Љупче Стојановски 12’ Стефан Јовановски 23’Бобан Ристов

Екипата на Џонсон Мети одлично го отвори дуелот против екипата на Македонски Телеком, тие со рано водство уште во втората минута го изненадија противникот, а веќе до 8та минута се стекнаа со високо водство од 0-3. Екипата на Македноски Телеком во ова полувреме не успеваше да ја пронајде својата препознатлива игра па екипата на Џонсон Мети го доби ова полувреме со резултат од 1-5. Во второто полувреме видовме една нова екипа на Телеком која започна со многу поагресивна игра и преку расположениот за игра Лазаревски успеа да фати резултатски приклучок и да се доближи до два гола негатива. Сепак екипата на Џонсон Мети доста умешно ги одработи последните минути од натпреварот и не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со резултат од 4-7.