Џонсон Мети со сигурна игра до победа над Окта

Окта 3-9(1-3) Џонсон Мети

Окта: Драганче Стојановски 38’ Живко Котевски 8’ Душан Босиљанов 26’
Џонсон Мети: Христијан Стојановски 31’ Бојан Дејановски 14’ 23’ 24’ 26’ 35’ Благоја Божиновски 2’ 20’ Бобан Ристов 29’

Екипата на Џонсон Мети одлично го започна натпреварот против Окта, екипата на Џонсон Мети уште на самиот старт односно во 2та минута успеа да постигне погодок и да го отвори резултатот на 0-1. Екипата на Окта се префрли на противничко поле и вршеше притисок кон голот на Џонсон Мети, ваквата агресивна игра им донесе израмнување во 8та минута. До крајот на полувремето екипата на Џонсон Мети имаше повеќе од играта и успеа да го добие ова полувреме со резултат од 1-3. Во второто полувреме екипата на Окта со голман играч во фаза на напад се обидуваше да створи вишок како би постигнале погодок и да фатат резултатски приклучок, но екипата на Џонсон Мети со сигурна игра во нападот и одбраната не остави многу простор за игра и го доби овој натпревар со високи 3-9.