Џонсон Мети убедливи во дуелот со Аџибадем Систина

Џонсон Мети 7-2(4-1) Аџибадем Систина

Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 3’ Бојан Дејановски 2’ 5’ 26’ 35’ Мартин Николовски 38’ Александар Недев 10’
Аџибадем Систина: Ивица Петровски 33’ Игор Ѓорѓиевски 13’

Одлични воведни минути за екипата на Џонсон Мети во дуелот со Аџибадем Систина, тие со рано постигнати погодоци до 10та минута успеаа да се стенат со високо водство од 4-0. Кон средината на полувремето поточно 13та минута екипата на Систина успеа да постигне погодок и да ја намали високата предност на Џонсон Мети. До крајот на полувремето екипата на Систина вршеше силен притисок кон голот на Џонсон Мети и со сите сили се обидуваше да постигне уште некој погодок како би фатила резултатски приклучок, но екипата на Џонсон Мети со одлична игра во одбраната не дозволи изнаенадување па на полувреме се замина со резултат од 4-1. На стартот на второто полувреме екипата на Џонсон Мети успеа да гпостигне погодок и да го зголеми и така високото водство, ова ја натера екипата на Систина да направи промена на тактиката и во игра да внесе голман играч како би фатиле резултатски приклучок но екипата на Џонсон Мети имаше целосна контрола врз играта и резултатот на го доби овој натпревар со 7-2.