Џојсон Сејфти Системс и ФК на глуви Слобода ги поделија бодовите

Џојсон Сејфти Системс 3-3(2-0) ФК на глуви Слобода

Џојсон Сејфти Системс: Марко Димоски 17’ Даниел Велјановски 30’ Борче Аргиловски 2’
ФК на глуви Слобода: Самир Чеховиќ 21’ 40’ Јасин Алими 36’

Прво полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Џојсон Сејфти Системс и ФК на глуви Слобода, прва до водство дојде екипата на Џојсон Сејфти Системс со погодок уште на самиот старт односно втората минута од натпреварот. Екипата на Слобода започна со поагресивна игра и успеа да создаде неколку шанси за погодок, но екипата на Џојсон Сејфти Системс искористи празнина во одбраната на Слобода и преку контра напад до крајот на полувремето успеа да го зголеми водството на 2-0 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра во кое на самиот старт екипата на Слобода успеа да постигне погодок и да се врати на само гол негатива што ја направи завршницата на овој натпревар многу интересна. Сепак екипата на Слобода во последната минута од натпреварот успеа преку вториот гол на Чеховиќ да го израмни резултатот и со 3-3 да ги поделат бодовите.