Агеловски го водеше А1 до победа над Шпаркасе Банка

Шпаркасе Банка 3-4(2-1) А1

Шпаркасе Банка: Марјан Сапсовски 6’ Филип Чижбановски 26’ Никола Пановски 13’
А1: Мартин Ангеловски 25’ 27’ 37’ Бојан Волчевски 2’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на А1 и Шпаркасе Банка, екипата на А1 го отвори наптреварот во раната фаза со погодокот на Волчевски во 2та минута. Екипата на Шпаркасе Банка по ова рано водство на А1 ги консолидира своите редови и со погодок на Спасовски во 6та минута успеа да дојде до израмнување на 1-1. Екипата на Шпаркасе продолжи со одлична игра па во 13та минута успеа да дојде до целосен резултатски пресврт со погодокот на Пановски. До крајот на полувремето екипата на Шпаркасе Банка го издржи притисокот кој го правеше А1 па на паузата замина со предноста од 2-1. Во второто полувреме екипата на А1 успеа да да дојде до израмнување со погодокот на Ангеловски кој во второто полувреме имаше одлична реализација. А1 преку Ангеловски во второто полувреме дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 3-4 кое успеа да го задржи до самиот крај за победа во овој дуел.