Аптив го издржа притисокот на ЕВН за победа во овој дуел

Аптив 4-3(3-1) ЕВН

Аптив: Никола Ќамилов 11’ 18’ Маријан Тодоровски 25’ Марјан Митев 9’
ЕВН: Ајет Новобрдалија 34’ Хамза Јашари 24’ Злате Тасевски 17’

Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на Аптив и ЕВН, екпите во овој натпревар настапија со отворена игра и дефанзивна игра. Ваквата игра на екипата на Аптив и донесе водство во 9та минута од полувремето со погодокот на Митев. Екипата на ЕВН со пресинг игра се обидуваше да реализира, но Аптив го искористи тоа за преку брз контра напад да зголеми на 2-0 во 11та минута со погодокот на Ќамилов. До крајот на полувремето екипата на ЕВН константно притискаше кон голот на Аптив и успеа со голот на Тасевски да намали на 2-1, но Аптив преку контра напади успеа повторно да реализира и на полувремето да замине со солидна предност од 3-1. Во второто полувреме екипата на ЕВН продолжи со одличната игра и во 24та минута успеа да дојде на само гол негатива со резултат од 3-2. Но екипата на Аптив имаше своја вечер па до крајот од натпреварот успеа да ја сочува предноста да се одбрани од нателетите на екипата на ЕВН и на крајот Аптив да слави со резултат од 4-3.