Аптив со одлична завршница до победа над Сава Осигурвање

Сава Осигурување 3-5(2-3) Аптив

Сава Осигурување: Коста Глигуровски 1‘ 29’ Решат Рахмани 19’
Аптив: Александар Марковски 37’ Дамјан Хрдличка 13’ Марјан Тодоровски 2’ Владимир Јовановски 14’ 39’

Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на Сава Осигурување и Аптив двете екипи влегоа во овој натпревар со брза и динамична игра. Екипата на Сава Осигурување го отвори резултатот во овој натпревар во првата минута со погодокот на голманот играч Коста Глигуровски, екипата на Аптив даде брз одговор на ова со погодокот на Марјан Тодоровски и израмни да на 1-1. По овие воведни погодоци екипите на ја смирија играта и својата шанса водство ја чекаа на грешка на противникот. Во втората половина од натпреварот екипата на Аптив го подигна пемпото на игра што им донесе резултат и предност од 1-3, во финишот од полувремето екипата на Сава Осигурување намали на само еден гол негатива 2-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување успеа да дојде до израмнување на резултатот со погодок од пенал на Коста Глигуровски и ја врати неизвесноста во овој натпревар. Екипата на Аптив беше таа која притискаше кон противничкиот гол, а екипата на Сава Осигурување одлично ја иумаше поставено својата одбрана и не дозволуваше изненадување. Во последните минути од натпреварот екипата на Аптив конечно ја скрши одличната одбрана на Сава Осигуврање и дојде до два погодоци со кој ја осигура победата во овој дуел. Крај 3-5