Аптив со пресврт до победа над Фабрика Карпош – ГИМ

Фабрика Карпош – ГИМ 5-6(2-4) Аптив

Фабрика Карпош – ГИМ:Александар Божиков 11’ Кристијан Панев 1’ 24’ 36’ Игор Николовски 35’
Аптив: Александар Марковски 31’ Иле Трајковски 19’ 20’ Дамјан Хрдличка 18’ Марјан Тодоровски 25’ Владимир Јовановски 12’

Динамично прво полувреме ни прикажа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Аптив. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ прва ја превземе иницијативата и со погодоци на Панев и Божиковво раната фаза од полувремето успеа да дојде до предност од 2-0. По ова водство на Фабрика Карпош екипата на Аптив ги консолидира своите редови и со одлична игра во транзиција до 18та минута успеа да го израмни резултатот на 2-2, а со два погодоци на Трајковски во последната минута од полувремето успеа да дојде и до целосен резултатски пресврт и водство од 2-4 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Аптив продолжи со одлична игра и успеа да дојде до предност од 3-6. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ го подигна темпото на игра и до финишот на натпреварот успеа да дојде до само еден гол негатива и да ја направи завршницата вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Аптив успеа да ја сочува предноста и да слави во овој натпревар со 5-6.