Арбен Нухиу со хет-трик и донесе победа на УНИКА во дуелот со Атлантик.

Атлантик Груп 4-8(2-2) УНИКА

Атлантик Груп: Бојан Петковски 4”, Кристијан Тодоровски 18, Кристијан Филиповски 33” 34”
УНИКА: Шабан Чупи 7”, Донард Бајрами 12” 22”, Фисник Нухиу 29”, Арбен Нухиу 33” 35” 40”, Беким Љута 37”,

Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на Атлантик Груп и УНИКА. Натпреварот го отоври екипата на Атлантик Груп преку Петковски во раната фаза од натпреварот 4”, преку кој Атлантик Груп поведе со 1-0, но кај УНИКА проработе Чупи кој по неполни две минути израмни на 1-1. Во втората фаза од првото полувреме Бајрами 12” преку контра напад му донесе водство на УНИКА од 1-2. Во преостанатиот дел од натпреварот се играше егал, УНИКА успеваше да го одржи минималното водство се до самиот финиш на полувремето кога Тодоровски 18” го израмни резултатот на 2-2.
Второто полувреме продолжи да се игра егал натпревар. И двете екипи не дозволуваа лесен приод кон голот, но кај УНИКА проработе искусниот Нухиу кој со хет-трик и донесе предност на УНИКА и ја водеше до победа од 4-8.