Аџибадем Систина со голман играч не успеа да го изненади Макстил

Макстил 6-2(3-1) Аџибадем Систина

Макстил: Ѓоргија Атанасов 10’ Бурхан Етемов 20’ 24’ 40’ Бобан Бојковски 32’ Александар Божинов 9’
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 27’ Златко Бошковски 7’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Макстил и Аџибадем Систина, двете екипи го започнаа овој натпревар со брза и отворена игра што донесе погодоци уште во раната фаза од полувремето. Екипата на Аџибадем Систина го отвори натпреварот во Бошковски Златко во 7та минута, но радоста траеше кратко Макстил преку Божинов и Атанасов со два погодци во низа успеа да дојде до целосен пресврт. Екипата на Систина по оваа негатива започна со силен притисок кон голот на Макстил но Макстил одлично ја постави одбраната а преку брз контра напад успеаа да го зголемат водството на 3-1 резултат со кој се замина на полувремето. Екипата на Систина во второто полувреме се обиде со голман играч да ја намали резултатската предност на Макстил, но овие ја имаа контролата во овој натпревар и со брзи напади корстејчи ја отворената игра на Систина успеаваа да реализираат за кончена победа од 6-2.