Аџибадем Систина со колективна игра до победа над LC Waikiki

LC Waikiki 1-4(0-1) Аџибадем Систина
LC Waikiki: Амар Адеми 39’
Аџибадем Систина: Никола Трајковски 9’ Кристијан Димовски 27’ Златко Бошковски 36’ Мартин Ѓорѓиоски 39’

Во првото полувреме екипите на LC Waikiki и Аџибадем Сиситна играа цврст и динамичен натпревар. На двете страни се играше отворен фудбал во кој и двете екипи преку колективна игра се обидуваа да дојдат до отворени шанси за гол. Екипата на Аџибадем Систина преку Трајковски во 9’ дојде до резултат од 0-1. LC Waikiki се обиде со голамн во предно поле да нападне како би можела да дојде до израмнување. Аџибадем Систина успеа добро да се постави во одбраната и не дозволи изненадување па на полувремето замина со гол предност, 0-1.

Во второто полувреме систина наметна своја игра и преку одлична релизација во 27’ преку Димовски зголеми на 0-2. Во втората половина од второто полувреме Бошковски 36′ и Ѓорѓиоски 39’ и донесоа на Аџибадем Систина водство од 0-4. LC Waikiki во финишот од натпреварот преку Адеми намали на 1-4, резултат со кој заврши овој натпревар.