Аџибадем Систина со тимска игра до победа над Пивара Скопје

Пивара Скопје 6-10(2-4) Аџибадем Систина

Пивара Скопје: Марто Живиќ 1’ 38’ Бобан Ристов 22’ 27’ Влатко Трпковски 11’ 40’
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 8’ 38’ Ивица Петровски 39’ Диме Стевковски 18’ Дамјан Јовчевски 4’ 24’ 26’ Мирослав 18’ 40’ Александар Јаневски 34’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Пивара Скопје и Аџибадем Систина, екипата на Пивара Скопје го отвори резултатот уште во првата минута од полувремето со погодокот на Живиќ. Екипата на Аџибадем Систина по тајм аут кој го свика Александар Јакимовски успеа брзо се врати во натпреварот и до 8та минута со погодоците на Димковски и Јовчевски успеаа да дојдат до целосен резултатски пресврт. Екипата на Пивара Скопје во средината на полувремето успеа да дојде до повтроно израмнување на резултатот но Аџибадем Систина до крајот на полувремето имаше подобра реализација па на паузата замина со предност од 2-4. Во второто полувреме двете екипи продолжија со цврст фудбал екипата на Пивара Скопје успеа да дојде до само еден гол негатива но Аџибадем Систина не дозволуваше целосен пресврт и го одржуваше своето водство. Екипата на Пивара Скопје се обиде користејќи го својот голман како голман играч резултатски да се врати во натпреварот но ваквата отворена игра ја искористи Аџибадем Систина за да слави во овој дуел со високи 6-10.