Аџибадем Систина со тимска игра славеше над А1

A1 7-14(2-6) Аџибадем Систина

А1: Леониф Јандреоски 19’ 24’ 26’ 35’ Зоран Николовски 34’ Оливер Димановски 24’ Коте Јанакиевски 3’
Аџибадем Систина: Игор Ѓоршиевски 5’ 23’ Кристијан Димковски 13’ 30’ Даниел Боневски 2’ 9’ 24’ 27’ 39’ 40’ Ивица Петровски 18’ Бошковски Златко 3’ 33’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на А1 и Аџибадем Систина, екипата на Систина во раната фаза од полувремето преку Боневски успеа да поведе со 0-1. Екипата на А1 ги консолидира своите редови и преку голманот Јанакиевски успеа да израмни на 1-1, сепак екипата на Систина само две минути подоцна повторно го врати своето водство со погодок на Ѓорѓиевски. Во остатокот од полувремето екипата на А1 се обидуваше да ја изненади одбраната на Систина но овие одлично беа поставени а преку брзи контра напади успеаваа да ја зголемат предноста која на полувремето изнесуваше 2-6. Во второто полувреме екипата на А1 настапи малце поофанзивно и успеа да ја намали предноста на Систина но екипата на Систина одлично го постави нападот и успеваше да ја одржи преднста. До крајот на натпреварот екипата на Аџибадем Систина не дозволи А1 да изненади па на крајот Аџибадем Систина славеше со 7-14.