А1 во среќна завршница до победа над НЛБ Банка

НЛБ Банка 1-2(1-1) А1
НЛБ Банка: Филип Блажевски 17’
А1 : Јовица Наумовски 8’ Леонид Јандреоски 40’

Натпреварот помеѓу НЛБ Банка и А1 го отвори екипата на А1 преку голманот Наумовски со гол во 8’. Екипата на А1 во текот на целото прво полувреме го користеше голманот како играч плус како би можела да стекне предност во предно поле.

Екипата на НЛБ Банка играше цврсто во одбраната и добро поставен напад, не давајки му на А1 да ги реализира својте техничко-тактички замисли. Со ваква добро поставена одбрана екипата на НЛБ Банка преку контра напад во реализација на Блажевски во 17’ го израмни резултатот на 1-1. Со овој резултат се отиде на полувремето.

Во второто полувреме и двете екипи играа егал натпрвар. И на да двете страни се играше отворен фудбал со многу шанси за гол. Ниту една од екипите не успеа да реализира шанса како би стекнала резултатска предност. Со ваква игра влеговме во егал завршница. Овој пат среќата беше наклонета кон екипата на А1 која буквално на 5 секунди пред крајот на натпреварот преку Јандреоски 40’ поведе со 1-2. Резултат со кој заврши овој натпревар.