А1 со одлична стратегија до победа над Спорт Лајф

Спорт Лајф 1-9(0-4) А1

Спорт Лајф: Горан Трајков 30’
А1: Ненад Богдановиќ 3’ Мартин Ангеловски 11’ 18’ 34’ Александар Таневски 12’ 20’ Јовица hаумовски 27’ 36’ 38’

Уште на самиот почеток иницијативата ја превзеде екипата на А1 која во овој натпревар влезе максимално мотивирано и со добро обработена стратегија како во делот на нападот така и во одбраната. Екипата на Спорт Лајф имаше кратка клупа и малиот број играчи во ротација му правеа проблем пред се во делот на одбраната каде што не можеше да воспостави соодветна игра против А1. Во ваквата поставеност екипата на А1 на полувремето замина со солидна предност од 0-4. Во второто полувреме екипата на А1 од минута во минута го зголемуваше водството и ја користеше секоја пружена шанса. Спорт Лајф не можеше да фати резултатски приклучок, имаше тежок проток на игра во нападот па на крајот екипата на А1 успеа да го добие овој натпревар со убедлива разлика од 1-9