А1 ја искористи кратката клупа на Уни Банка

А1 9-5(3-2) Уни Банка

А1: Мартин Ангеловски 8’ Мартин Тодоровски 1’ 15’ Коте Јанакиевски 31’ Ненад Богдановиќ 23’ 25’ 36’ Александар Дановски 33’ 40’
Уни Банка: Марко Ташков 29’ 38’ Ненад Саздовски 17’ Кристијан Смилевски 6’ 40’

Во исклучително неизвесно прво полувреме силите ги одмерија екипите на А1 и Уни Банка. Во текот на целото полувреме се играше егал натпревар и двете екипи играа контролиран напад од кој произлегуваа отворени шанси за гол. Во ваквата игра попрецизна беше екипата на А1 која на полувремето отиде со предност од 3-2. Во второто полувреме дојде до израз кратката клупа кај Уни Банка која практично без измена го одигра целиот натпревар. Екипата на А1 успеа да го искористи падот на концентрацијата и недоволната физичка подготвеност па го скрши отпорот и успеа да дојде до победа од 9-5