Ван Хоол со одличен финиш до победа над Аптив

Ван Хоол 7-4(2-2) Аптив

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 33’ Ненад Саздовски 4’ Стефан Станојковиќ 23’ 29’ 40’ Филип Никодиновски 19’ Антонио Петровски 36’
Аптив: Иле Трајковски 30’ 31’ Дамјан Хрдличка 15’ Ален Даутовски 1’

Првото полувреме од натпреварот помеѓу Ван Хоол и Аптив започна со висок ритам на игра, двете екипи во овој дуел влегоа со офанзивна игра. Екипата на Аптив со погодок на голманот Даутовски го отвори резултато во првата минута од натпреварот, по ова водство на Аптив екипата на Ван Хоол притисна кон противничкиот гол и преку Саздовски успеа да дојде до ирамнузање на 1-1. Во остатокотт на полувремето екипата на Аптив успеа да дојде до повторно водство и еден гол предност, но во самата завршница екипата на Ван Хоол израмни за 2-2 на полувремето. Во второто полувреме се продолжи со израмнета игра и двете екипи постигнаа по два гола па во завршницата влегоа со израмнет резултат од 4-4. Екипата на Ван Хоол во втората половина од полувремето го подигна темпото на игра искористи неколку грешки во одбраната на Аптив за да дојде до сигурна победа во овој дуел со резултат од 7-4.