Ван Хоол со одлично второ полувреме до победа над DHL

DHL 2-8(2-3) Ван Хоол

DHL: Филип Јовановски 17’ Мартин Каревски 9’
Ван Хоол: Даниел Стаменковски 30’ 35’ Ненад Саздовски 5’ Стефан Стојковиќ 13’ Филип Никодиновски 40’ Петре Даиловски 20’ 23’ Андреј Богдановиќ 27’

Одличен почеток за екипата на Ван Хоол во дуелот со DHL, тие од самиот старт на натпреварот притисна кон противничкиот гол што им донесе рано водство во 5та минута од 0-1. По ова водство на Ван Хоол екипата на DHL го подигна темпото на игра и со чести ротации во својот состав го одржуваше ова темпо и константно се закануваше кон голот на противникот што им донесе израмнување во 9та минута од полувремето. До крајот на полувремето двете екипи продолжија со одлична игра но Ван Хоол имаше подобра реализација па на полувремето замина со предност до 2-3. Во второто полувреме имаше пад на концентрацијата на DHL што Ван Хоол го искористи за да стекне предност од 2-4. Екипата на DHL беше приморана да ја отвори играта што Ван Хоол го искористи за од минута во минута да го золемува своето водство кое до 30та минута изнесуваше високи 2-6. До крајот на натпреварот екипата на DHL се обидуваше со својот голман како голман играч резултатски да се врати, но разликата која ја имаше Ван Хоол и времето како сојузник им донесе сигурна победа од 2-8.