Ван Хоол со одлично второ полувреме до победа над Окта

Окта 2-7(2-2) Ван Хоол

Окта: Иван Димитриевски 16’ Александар Јовчевски 18’
Ван Хоол: Даниел Стаменковски 31’ Ненад Саздовски 24’ 36’ Стефан Станојковиќ 15’ Филип Никодиновски 8’ 29’ Андреј Богдановиќ 30’

Натпреварот помеѓу екипите на Окта и Ван Хоол започна со доделување на плаќета на Драганчо Стојановски за почесен играч во Бизнис Лигата. Плаќетата ја додели проект менаџерот на Бизнис Лигата Филип Николовски на капитенот на екипата на Окта Живко Котевски кој потоа ја предаде на сопругата на Драганчо, Бети Стојановска. Натпреварот го отвори екипата на Ван Хоол со погодокот на Никодиновски во 8та минута од полувремето, по што следеше зголемување на водството 0-2 по лошо проигрување пред голот на Окта. Екипата на Окта по оваа негатива ги консолидира своите редови и со погодоците на Димитриевски и Јовчевски во 16та и 18та успеа да дојде до израмнување на 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол ја превзема целосно контролата врз играта, и од минута во минута го зголемуваше водството. Екипата на Окта се обиде со чести ротации да ја врати свежината во својата игра и резултатски да се доближи но Ван Хоол вечерва имаше своја вечер и на крајот славеше со високи 7-2.